16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Генералниот директор на Пивара Скопје гостува на Бизнис Кафе Македонија овој четврток

Во Четврток (13.09.2018) с0 почеток од 18:30 часот во Ревија Бар (т.ц. Лептокарија) во Скопје, ќе се одржи новото 31-во издание на бизнис-нетворкинг настанот Бизнис Кафе Македонија. 
 
Пред присутните гости, своите бизнис искуства и совети ќе ги споделат четворица говорници: 
– Елена Иванова, менаџер за туризам во ИМЕ програмата; 
– Емилија Ќелешоска, основач на адвокатско друштво ДДК (Дебарлиев Дамески Ќелешовска); 
– Владимир Косијер, Генерален директор на Пивара Скопје; и 
– Ксенија Николова, писател и текстописец. 
 
Настанот е од отворен карактер и на него се поканети да присуствуваат сите оние кои се расположени да запознаат нови деловни контакти и да придонесат во секогаш позитивната неформална атмосфера на дружење покрај бизнис разговори. 
 
Вашето место на Бизнис Кафе Македонија можете да си го обезбедите со влезница со која добивате и бесплатно кафе од организаторот, а можете да ја набавите на еден од трите начини подолу:
-Online на Купи Карти За Се (ЛИНК). 
-На фактура: пратете маил за резервација на: mkbizniskafe@gmail.com или
–Директно на трансакциска сметка: 210 – 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан)
Спонзорирано: