3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Еден од највисоките американски функционери доаѓа во Македонија: Се шири поддршката за премиерот Зоран Заев и референдумот за европска Македонија!

„Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“, рече првиот човек на Пентагон

На новинарско прашање од Гласот за Америка дали е загрижен за мешањето на Русија во референдумот во Македонија, секретарот за одбрана на САД Џим Матис рече: „Загрижен сум за тоа. Мислам дека не треба да има мешање во демократијата. Ако се изразува став на хартија е една работа, но ако се прават неволји како што Русија практикуваше во Украина и во САД, и сега во Македонија зашто Русија секогаш се прилагодува на специфичната ситуација, што се однесува до мене, јас би бил претпазлив“, рече првиот човек на американската одбрана.

„Сакам јасно да ставам до знаење дека ние го поддржуваме македонскиот народ“, подвлече Матис во Пентагон, пред да замине за Македонија, овој викенд.

Спонзорирано: