21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Индија се искачи на 55 лица

Бројот на лица загинати во сообраќајна несреќа што се случи денеска во јужна Индија се искачи на 55 лица, а повеќе луѓе се повредени.

Несреќата во која автобус што превезувал верници од индиски храм излетал од патот во бездна на југот од Индија е една од најлошите несреќи оваа година, велат властите.

Возачот изгубил контрола над возилото додека се обидувал да избегне друг автобус, изјави локален претставник, кој се претставил како Нарендар.

Автобусот, кој припаѓа на државната транспортна мрежа во државата Теленгани, се враќал од храм што се наоѓал на врвот на ридот во областа Џагтал, на 190 километри од Хајдерабад, главниот град на таа индиска држава, изјави локален официјален претставник.

Спонзорирано: