10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Блок: Со договорот со Грција е отстранета последната формална пречка за членство во НАТО

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и своите соработници, денеска се сретна со делегација на Кралството Холандија, предводена од министерот за надворешни работи, Стеф Блок, со кој разговараше за претстојниот референдум и реформските процеси во земјата за исполнување на евроатлантските интеграции.

„Заев искажа благодарност за континуираната поддршка во градењето на нашата земја како европска и демократска и изрази уверување дека Владата останува фокусирана на обезбедување на конкретни и одржливи резултати во правец на реформите во областа на судството, безбедносните служби, јавната администрација, слободата на говорот и обезбедување на подобрување на условите на медиумите, за функционирање на независни медиуми, како и продолжување на напорите за интензивирање на борбата против корупцијата“, соопштија од Владата по средбата.

Блок оценил дека со договорот со Грција е отстранета последната формална пречка за почеток на пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО, со што двете земји го зацврстиле патот на пријателството и за зголемена соработка за доброто на граѓаните.

„Двајцата соговорници се согласија дека почитувањето и практицирањето на политиката на добрососедски односи и соработка ја подобрува и сликата на целиот регион и отвора можност за просперитет на сите земји од западниот Балкан. На состанокот се разговараше и за подобрување на билатералната соработка помеѓу Холандија и Македонија која веќе се одвива во рамките на неколку проекти. Беше заклучено дека исполнувањето на условите на Македонија за влез во НАТО и пристапувањето во европската заедница ќе даде дополнителен импулс за стопанскиот развој и ќе испрати порака до инвеститорите дека е земја интересна за бизнис перспектива“, се вели во соопштението.

Спонзорирано: