7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Нема подобра алтернатива за нас од НАТО и ЕУ

Демократската унија за интеграција денес во Дебар оствари средба со граѓаните во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Дебар истакна дека ДУИ беше дел од постигнување на договорот од Преспа сè до прифатливото решение за двете страни и дека е убеден целосно дека овој момент не треба да се потцени и треба да се гласа на 30 септември.

„Овие се историски моменти, се одлучува за нашата иднина и ние друга иднина освен НАТО и Европската Унија немаме, ги зацврстуваме мирот, безбедноста, стабилноста, иднината и развојот. Нека каже некој дека Албанците и Македонците имаат друга алтернатива од ова што се нуди и ќе се гласа на 30 септември. На 30 септември ќе се мобилизираме и организираме многу добро и нашиот успех ќе биде многу силен затоа што следи друг важен чекор да им го земеме аргументот на сите дефетисти и да гласаме уставни измени заедно 120 пратеници за иднината на нашата земја“, рече Ахмети.

Во пресрет на активностите за референдумот, Централниот штаб на Демократската унија за интеграција утре ќе биде присутен во општините Долнени и Пласница.

Спонзорирано: