15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Видеото е монтирано: Градоначалникот на Демир Хисар ја соопшти вистината

Интегрално го објавуваме соопштението на градоначалникот на општина Демир Хиср:

По однос на монтираниот видео запис кој проциркулира низ повеќе интернет портали, телевизиски и радио медиуми, Ве информирам и Ве известувам за следното;
Најпрво, периодот кој е снимено видеото е на 22.01.2018 година – првиот училишен ден од почетокот на второто полугодие во ООУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и нема апсолутно никаква врска со упатување на закани и влијанија кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот Референдум 2018 година.
Моето присуство во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ беше по претходно барање на група од триесетина родители кои одржуваа средба поради протест на две незадоволни наставнички од прераспоредувањето на работно место во образовната институција каде работат, што е законско право на раководното лице во училиштето. Претходно, дел од родителите ми се јавуваа и ме известуваа за тој протест и незадоволство на двете наставнички, како оделе од куќа на куќа и ги убедувале останатите кои имаа можност за лобирањето при носењето на одлуката за нивното прераспоредување. Притоа, во овој контекст, сакам да Ве информирам дека изречените зборови од моја страна во тоа монтирано видео се однесуваат токму на тие разговори, односно комуникации и контакти кои ги имав со родителите, а не некакво прислушкување, закани, уцени и слично. Исто така, Ве информирам дека за таа средба и протест известено беше Министерството за образование и наука со допис бр. 12-167/2 од 15.02.2018 година.
Велам монтирано видео, затоа што не е во целост дистрибуирано и прикажано, зборови се извадени од контекст, со што се добива целосна погрешна претстава за она што јас го зборувам. Поради тоа, барам од интернет порталот lider.mk, кој прв ја објави веста и монтираното видео на 09.09.2018 година веднаш да испрати демант за тој настан, да ми се извини за мојот нарушен углед и угледот на мојата фамилија и пред надлежните органи да даде информација за лицето кое го снимило видеото, како би можело во целост да се утврди што точно сум говорел во истото. Исто така, барам од останатите пишани, електронски, аудио и видео медиуми да го сторат истото, односно да објават демант. Во спротивно, ќе поднесам тужбено барање до надлежните институции.
Со почит,
Марјанче Стојановски, градоначалник на Општина Демир Хисар

Спонзорирано: