11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на магистралниот пат Кавадарци – Неготино

На 10.09.2018 година во 16.50 часот на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, поточно на влез во село Марена, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.К.(60) од село Марена, кавадаречко и трактор марка „ИМТ“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од Б.В.(60) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот Д.А.(53) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот на тракторот и сопатникот А.Д.(69) од Кавадарци и возачот на патничкиот автомобил, кои по укажаната медицинска помош се задржани на понатамошно лекување во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: