12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ има поволна опција, а таа е да излезат на референдум – во спротивно и’ вртат грб на цела меѓународна заедница

Како вртење на грб кон Меркел, Курц, Трамп ќе изгледа евентуалното не изјаснување или бојкотирање од страна на ВМРО ДПМНЕ, а извесниот успех на референдумот и без таа партија ќе значат неизвесни времиња за таа политичка опција на краток и долг рок.

Како прво евентуален бојкот или глумење незаинтересираност во најмала рака значи несериозност, бидејќи токму ВМРО ДПМНЕ беше политичкиот фактор кој го вметна “референдумот” и изјаснувањето во преговорите за името, а сега бега од него.

Како второ силната поддршка на меѓународниот фактор за голема излезност на референдумот и гласање ЗА, го става ВМРО ДПМНЕ во многу неповолна ситуација, бидејќи со повик да не се излегува на референдумот многу лесно може да биде протолкувано како вртење на грб кон прозападниот свет од страна на политичката опција која 27 години тврди дека се бори за евро-атланска интеграција на Македонија. Да, утре, доколку продолжат вака тие и нивното име напишано со големи букви ќе бидат означени, кон ВМРО ДПМНЕ ќе биде вперуван прст дека тие беа против иднината на Македонија и и’ свртија грб на меѓународната заедница.

Треба да размислат каква партија им оставаат на нивните наследници, бидејќи нивите претходници ја оставија партијата без коалициски капацитет со албанскиот фактор што значеше директен пад од власт, а сега ќе ја остават и без некоја идна поддршка од меѓународниот фактор.

Во најмала рака сега ВМРО ДПМНЕ има неповторлива шанса да докаже колку ги има, во случај да повикаат да се гласа “против”, што нема да им биде земено за зло ниту од власта, ниту од меѓународната заедница.

Аналитичарите со кои разговаравме не сакаат ни да помислат дека можеби стравот дека ВМРО ДПМНЕ нема ниту 250 илјади поддржувачи кои се спремни да гласаат по нивен повик е и причината да се тактизира до последен момент?

Најповолна опција која во моментов и’ одговара на ВМРО ДПМНЕ е да повикаат за излез и поддршка на референдумот и здружување на реформските сили во Македонија, со тоа ќе докажат дека нејзините лидери немаат суетност и се борат за иднината на Македонија, а не личните интереси на индивидуи.

Да се води држава е сериозна работа. Треба мудрост и храброст за вистински одлуки.

Со тоа тие ќе учествуваат во новото време за Македонија, а нивните одлуки ќе го забрзаат процесот на интеграција и економскиот раст.

Храброста да се направи вистинскиот чекор некогаш е многу тешка работа, но не недостижна и невозможна.

Држава која има единствно за најважните политички прашања, пријателски-настроена дипломатија, силна економија, среќен и задоволен народ е моќна држава, а вистински патриоти се тие кои тоа ќе го обезбедат.

Спонзорирано: