18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ да престане со лажни вести и да се приклучи кон процесот што ја води Македонија во ЕУ и НАТО

,,Наместо да шири невистини за договорот, време е ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во процесот на интегрирање на Македонија во Европската Унија и НАТО. Да се искористи историската шанса пред која стоиме и да ѝ дадеме светла иднина на нашата држава и нашите деца, нашите поколенија”, соопшти СДСМ.

Според партијата, договорот е јавно достапен за сите и во членот 1 од него јасно стои дека државјанството е „македонско“, а официјален јазик е „македонски јазик“. Се појаснува значењето на терминот „македонски“ и се додава дека нема на кој било начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.

,,Според членот 7 од договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство. Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина конечно се обезбедени еднаш засекогаш и никој нема да може да ги негира или оспорува. Договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија. Договорот е влог во македонската иднина, со кој го расчистуваме патот на нашата земја за влез во НАТО и за почеток на преговори за ЕУ”, се додава во соопштението.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ сè уште има време и шанса да се приклучи кон историското движење што ја носи Македонија во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика своите членови да излезат на референдум ЗА европска Македонија.

Спонзорирано: