9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја дел од општина Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот се планирани исклучувања во електро-системот во делови од општина Карпош, Гази Баба, Студеничани и Кисела Вода.

Во нивното соопштение се наведува дека во период од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Борка Талески“ во општина Карпош.

Понатаму се додава во соопштението, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без екетрична енергија ќе бидат и корисниците од ЕКО КЛУБ во кругот на МЗТ, дел од МЗТ (Заеднички служби), фирмата Ариље Метал во близина на трафостаницата МЗТ и потрошувачите во близина на трафостаницата, во општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, во општина Студеничани, додека пак корисниците улицата „Благоја Гојан“ броевите 4А, 4Б, 14, 16, 18 и 20 во општина Кисела Вода, без електрична енергија ќе останат во периодот од 08:00 до 13:00 часот.

Спонзорирано: