5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на ДУИ Али Ахмети е сретнал со амбасадорот на мисијата на ОДИХР Јан Петерсен

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети, се сретна со Амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, г. Јан Петерсен.

Претседателот Ахмети и Амбасадорот Петерсен дискутираа за референдумот од 30 септември, Договорот од Преспа како и за политичката ситуација во земјата.

Како што информираат од ДУИ, лидерот Ахмети го информирал амбасадорот Петерсен дека Демократската унија за интеграција е посветена за успешно одржување на референдумот и дека веќе има основано Централен штаб како и 35 општински штабови, додека кампањата на терен ќе ја започне од утрешниот ден со првата средба со граѓаните во Тетово.

Претседателот Ахмети зборувалза важноста на референдумот кој што претставува можност конечно граѓаните да се определат за Евроатланска интеграција на Македонија имајќи во предвид дека скоро две децении последователно, над 80% од граѓаните го подржуваат членството во НАТО и Европската Унија.

Спонзорирано: