17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Одлука за ребаланс на буџетот можеби ќе има на крајот од месецов

Кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе се направаат анализи во врска со потребата за ребаланс на буџетот и таа одлука ќе се носи паралелно со референдумската кампања, истакна премиерот Зоран Заев,на прес-конференцијата во Владата со министрите од сферата на економијата, на која ги презентираа економските достигнувања во земјава.

Министерот за финансии Драган Тевдовски неодамна изјави дека нема да има ребаланс на буџетот, ликвидноста во државната каса е одлична и нема потреба од прекројување. Но, сепак анализи се прават, и доколку има потреба би можело да има корекции.

Според премиерот Заев, буџетот има стабилни перформанси, но единствена слаба карика е реализацијата на капиталните инвестиции.

Формиран е специјален комитет за инфраструктурен развој на државата и градежништво, во кој учествува секој ресор во државата, во кој има капитални инвестиции, предвидени во буџетот и во јавните претпријатија, кои не се составен дел од буџетот.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески потсети дека во петокот во Собранието е одбрен анекс договорот за автопатот Кичево -Охрид, со што настанува ослоподување на 205 милиони евра, кои ќе бидат искористени во инентивирање на изградбата на автопатот. Најавено е дека во октомври ќе има и нов анекс, со кој точно ќе се соопшти сумата за дополнителните средства за доизградба на тој автопат. Се очекува дека во брзо време ќе биде завршен и автопатот Миладиновци-Штип.

Во врска со железницата кон Бугарија, Сугарески потсети дека Владата донела анекс за првата делницата од Куманово до Бељаковце, со што ќе се интензивира израдбата на таа делница во рок од 18 месеци и тука се очекува зголемување во делот на градежништвото.

Сугарески ја спомена и гасификацијата, потсетувајќи на дебатата со екологистите кои се водеше на таа тема.

Спонзорирано: