13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пристојно е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон историското движење кое Македонија ја носи во НАТО и ЕУ

Пристојно е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон историското движење кое Македонија ја носи во НАТО и ЕУ, соопштува СДСМ.

Од партијата велат дека целиот демократски свет се обедини во поддршката на Македонија, во процесот на евроинтеграциите.

„Време е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да не стојат настрана и да се приклучат. Се работи за иднината на Македонија.Патриотски е да се обезбеди македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ 25 години тврди дека е за НАТО и ЕУ. Тогаш треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и да гласа ЗА. Граѓаните се определени ЗА европска Македонија!“, соопштува СДСМ.

Спонзорирано: