20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Посно и вкусно: Фурнарини готови за 1 минута

Уживате во вкусот на топли фурнарини? Имаме рецепт за вас со кој ќе ги направите буквално за 1 минута. Еве што ви е потребно:

Состојки: готово тесто за пица, маргарин или масло за готвење, сол, оригано, други зачини по вкус

Начин на подготовка:

Готовото тесто за пица оставете го да се одмрзне. Пред да го купите проверете дали е посно според составот. Исечете го на линии.

Потоа премачкајте го од двете страни со маргарин или масло за готвење. Одозгора наросете ги зачините.

Ставете го во сад за печење и печете по вкус во загреана рерна.

Едноставно, нели? Уживајте во вкусот на тазе и топли фурнарини!

Извор: Готви.мк

Спонзорирано: