19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија – синоптичарите со најнова прогноза

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Од претпладне, особено на запад ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР.

Попладне повремен дожд ќе има и понекаде на северот и североистокот, а до крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. УВ- индексот ќе биде 6.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 19, а дневната максимална од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со променлива облачност. Претпладне ќе има повеќе облачност и ќе има услови за повремен дожд. Попладне краткотрајно ќе има поинтензивен ветер, а облачноста до крајот на денот ќе се намали. Температурата од 14 до 28 степени.

Од утре следува период на претежно суво време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Спонзорирано: