4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Градоначалникот на општина Ресен положи свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата во Ресен

Денес, по повод 8 Септември, Денот на Независноста на Република Македонија, делегација на општина Ресен, предводена од градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски и пратеникот во Собранието на Република Македонија Бети Рабаџиевска Наумовска, положи цвеќе пред споменикот на Револуцијата на градскиот плоштад, во знак на почит на сите борци кои ги положија своите животи за слободна и независна Република Македонија.

Воедно градоначалникот на општина Ресе, Живко Гошаревски на сите граѓани преку социјалните мрежи им го честиташе големиот празник:

Македонија помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина.Нека ни е честит и вековит 8-ми септември 🇲🇰🇪🇺, напиша Гошаревски.