4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нови локални патишта и водоводи во Македонски Брод

Заменикот министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески беше дел од свеченоста по повод отпочнувањето на реконструкцијата на улицата „Партизанска“ во Македонски Брод и изградбата на локалниот пат во село Косово. Првиот проект е финансиран со средства од министерството за локална самоуправа, програма за рамномерен регионален развој, а вториот со средства од Светска Банка.

На свеченоста организирана по повод денот на општината, заменикот министер Павлески на граѓаните на Македонски Брод им го честиташе празникот и им посака просперитет, избор и подобар живот.

Павлески истакна дека Владата за 2018 година ги има дуплирано средствата за рамномерен регионален развој на 4,5 милиони евра, од кои годинава во општина Македонски Брод ќе се финансиират проекти во уште 6 села, нови 4 локални патишта во селата Рамне, Бенче, Долно Ботушје и во Брезница, како и 2 водоводи, во селата Црешнево и Сланско.