9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Најздравата напивка на светот ја фрламе, а служи како лек со векови

Оваа напивка е моќен чистач на црниот дроб, а чист црн дроб е клуч за добро здравје!

Дали дома правите сирење, кефир или јогурт и ја фрлате течноста која останува после цедењето? Веќе не го правете тоа, бидејќи сурутката е древен лек.

Сурутката е во изворен облик течност која содржи помалку од 1% белковини и преку 93% вода. Главни состојки се калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, бакар, кобалт, манган, молибден, витамини, ензими и аминокиселини.

Сто грама сурутка содржи само 26 калории, поради што е посебно погодна за слабеење.

Овој стар народен лек може значително да помогне кај:

– хроничен замор и стрес
– дебелина и прејадување
– висок притисок
– пад на имунитетот
– желудочни тегоби
– болести на црниот дроб
– кандида
– чистење на организмот од токсини

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Спонзорирано: