14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Зеќири: „Каде е Муки, каде е Шиптарот”, со навредливи зборови ме бараа низ Собранието

На денешното рочиште за насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година сведокот Мухамед Зеќири рече дека при влезот на толпата во Собранието тој заедно со уште неколку пратенички успеале да се сокријат во кабината за преведувачи во прес-центарот од каде слушал како толпата го извикува неговото име со навредливи зборови.

„Додека го тепаа пратеникот Павле Богоевски извикуваа: ‘Каде е Муки, каде е Шиптарот?’ Се обидоа да влезат и во просторијата каде што бев јас, но пратеничката Ременски им кажа дека вратата е затворена и дека нема никој“, сведочи Зеќири. Тој рече дека некои од лицата кои влегле во Собранието го пцуеле и се заканувале дека ќе ги убијат сите. „Имаше и општи закани: ‘Ќе ве убиеме сите’“, рече Зеќири.

Пратеникот исто така истакна дека додека од горе ја следел целата ситуација во прес-центарот забележал лице со оружје. „Видов лице кое позади грбот имаше оружје. Едно време оружјето му падна и почна да го бара низ толпата.Лицето со пиштолот беше во црна маичка, ќелав и со брада“, рече Зеќири. Во неговото сведочење за настаните од 27 април, Зечири рече дека два и пол часа седеле во кабината за преведувачи по што се преместиле во друга просторија каде имало и други пратеници.

 

Спонзорирано: