4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ со неочекуван потег околу референдумот: Еве што најавија за следната недела

Во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе каже дали ќе учествува на референдумот или не. Ова беше соопштено по средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со генералниот секретар на НАТО,Јенс Столтенберг.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава. Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање“, соопштија од партијата.

Од таму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кои се од суштествено значење за граѓанинот.

„Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, велат од партијата.