23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Владата додели договор за грант на националниот Младински совет за развој на проектот Youth Wiki

Претседателот на Владата, Зоран Заев, го додели договорот за грант од Владата и националната Агенција за европски образовни програми и мобилност, на националниот Младински совет на Македонија.

Заев во своето обраќање пред присутните рече дека ентузијазмот, младешката енергија и визионерство се движечката сила што ќе ја одреди иднината на нашата земја.

„Владата на Република Македонија заедно со националната Агенција за европски образовни политики и мобилност во соработка со Канцеларијата на Европската Унија во Скопје ќе додели грант од околу 10 000 евра на националниот Младински совет за реализација на проектот Youth Wiki (Јут Вики) односно т.н. Википедија за млади која содржи 9 поглавја за истражување. Верувам дека преку овој проект младите луѓе ќе имаат одлична можност да ги развиваат своите истражувачки способности, вештини и сериозно да го надградат своето знаење“, изјави премиерот Заев.

Раководителот на одделот за политички прашања во Канцеларијата на Европската Унија во Македонија, Лукаш Холуб, кој присуствуваше на настанот, во својот говор изрази задоволство дека оваа иницијатива која е започната во Европската Унија, е преземена и започнува да се развива и во Македонија.

„Секогаш кога ги носиме одлуките, водиме сметка кои ќе бидат ефектите врз младите луѓе и на нашите деца. Тоа е така затоа што сакаме да им обезбедиме колку може подобра стартна позиција. Не само за да изградат подобар живот за нив, туку и за градење подобро општество за сите“, посочи Лукаш.

Проектот Youth Wiki e дел од програмата Erasmus Plus и се состои од 9 поглавја за истражување, развој и креирање на младински политики врз основа на реални фактички податоци собрани од повеќе институции од Европската Унија.

Спонзорирано: