20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тереза Меј подготвува сајбер-војна против Русија?!

Британските тајни служби за безбедност анонимно го информираат десничарскиот печат за плановите на премиерката Тереза Меј да почне сајбер-војна против Русија во знак на одмазда за наводната вмешаност во труењата во Солсбери, пишува „Раша тудеј“.

Весниците „Тајмс”, „Дејли мејл” и „Сан” ги посочија владините извориво своите статии за то што планира британската премиерка како одмазда против Русија.

Во својата изјава пред парламентот во средата, Меј алудираше на контрамерки против Москва поради наводната вмешаност на двајца руски воени разузнавачи – Александар Петров и Руслан Боширов – во труењата на Сергеј и Јулија Скрипал во Солсбери и на Чарли Роули и Дон Стурџис во Амсбери.

Активностите на Русија, според Меј, се закана за „сите наши сојузници и за сите наши граѓани”, а потоа вети дека ќе направи „сè што е потребно за да ги заштитиме нашите луѓе”. Меј, очекувано, не му кажа на парламентот како властите дојдоа до заклучок дека двајцата Руси работеле за ГРУ.

Според висок официјален претставник на владата, цитиран во „Тајмс”, доказите дека Русија извршила напад со хемиско оружје на британската територија ги зголемиле активностите што Велика Британија може да ги преземе во самоодбрана. Анонимни извори се цитирани и во „Дејли мејл” и „Сан”. Во вториот весник, висок безбедносен извор е цитиран како вели:

„Тие ќе платат за она што го направиле. Сега сите опции се во игра.“

„Сан“ пишува дека „изворите тврдат дека Заедничкиот разузнавачки комитет нема сомнеж оти дека нападот врз Скрипал бил одобрен лично од Путин”.

Ни „Дејли мејл“ не остана покусо и посочи на заканата од од сајбер-војна, но не даде извор за информациите. Освен сајбер-војна, Велика Британија планира повеќе финансиски санкции, забрани за патување и конвенционална шпионажа против Русија, како што е наведено во сите три весника. Во четвртокот во интервјуто за Би-би-си Радио 4, британскиот министер за безбедност, Бен Валас, за одмаздата против Русија, рече:

„Ние се одмаздуваме на наш начин. Ние не сме Руси, не го прифаќаме бурното, деструктивно и агресивно однесување на кое сведочевме. Ние бираме да ги предизвикаме Русите, јавно или тајно, во рамките на владеењето на правото и на софистициран начин”.

Спонзорирано: