13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француската полиција избрка 500 мигранти од кампот во Данкерк

Француската полиција растера 500 мигранти од логорот во близина на францускиот пристанишен град Данкерк, покрај Ламанш, каде што беа собраа голем број мигранти надевајќи се дека ќе заминат на камиони или фериботи кон Велика Британија, пренесува „Франс прес“.

Околу 200 полицајци учествуваа во операцијата која течеше беспрекорно во Гран-Синте, веднаш до градот, изјави регионалниот владин претставник Ерик Етјен.

Властите проценуваат дека 95 отсто од луѓето во кампот се ирачки Курди. Етјен рече дека евакуацијата ја одразува решеноста на владата да не дозволи нови кампови по должина на северниот брег на Франција од страна на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија. Огромен број полицајци беа распоредени за да се спречи повторното подигање кампови како огромниоткамп „Џунгла” во близина на Кале, каде што живееја повеќе од 10 000 луѓе, пред да биде уништен во 2016 година.

„Во Гран-Синте во моментот има околу 800 мигранти“, велат локалните власти.

На оние што беа избркани од кампот ќе им биде понудена можност да аплицираат за азил во Франција или да бидат одведени во полициските центри за проверка на лични карти. Минатиот месец француските пратеници усвоија нови закони за забрзување на процедурите за азил со намалување на максималното време за обработка од 120 на 90 дена по влезот во Франција. Исто така, се олеснува протерувањето на луѓето чии апликации се одбиени, потег што критичарите ги осудија како обид да се ограничат новите пристигнувања.

Спонзорирано: