12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европските влади треба да одлучат за нови санкции кон Русија

Сите нови европски санкции кон Москва поради нападот со нервен отров спроведен врз поранешниот двоен руски шпион, треба да ги донесат владите од Европската унија, се наведува во соопштение на Европската комисија.

Европскиот блок од 28 земји-членки ги обновува и санкциите за Русија поради поддршката која Кремљ ја дава за бунтовниците во Украина, но две од нив, Австрија и Италија, не се заинтересирани за нови мерки бидејќи сакаат подобри економски односи со Москва.

Официјален Лондон одговорноста за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија ја препиша директно на Владимир Путин.

Во средата, британската премиерка, Тереза ​​Меј, пред Парламентот изјави дека нападот го извршиле двајца руски разузнавачи. Станува збор за двајца мажи идентификувани како Александар Петров и Руслан Боширов, но нивните имиња би можело да се лажни, смета британската полиција.

Руската страна ја негира целата афера.

„За нас се неприфатливи обвинувањата на сметка на руските власти“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ниту највисоките органи на Русија, ниту пак некои пониски функционери немаат никаква врска со настаните во Салсбери“, истакна тој.

Спонзорирано: