3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четворица мртви откако напаѓач пукал во банка во Синсинати

Четири лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во пукање во банка во центарот на Синсинати, соопшти полицијата.

Шефот на полицијата, Елиот Ајзак, изјави дека напаѓачот рано изутрината отворил оган пред банката, а потоа влегол во фоајето каде што започнал престрелка со полициското обезбедување, пренесе АП.

Засега не е познато дали напаѓачот се застрелал самиот или бил погоден од полицајците.

Градоначалникот на Синсинати, Џон Кренли, рече дека напаѓачот активно пукал во недолжни цивили и дека сцената била ужасна. Тој напоменал дека целата ситуацијата можела да биде многу полоша доколку полицијата не реагирала брзо и ја елиминирала заканата.

Полицијата претходно соопшти дека одговорила на ситуација на пукање во зграда на банка во центарот на Синсинати, каде што има повеќе повредени. На својот официјален Твитер профил, полициските сили соопштија дека ситуацијата била ставена под контрола пред 10 часот по локално време.