13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Александар Кирацовски со моќна порака на тв 24: Движењето за европска Македонија расте, референдумот ќе биде успешен!

На неполн месец пред клучното прашање, партијата која што веќе десет години повикува на референдум и разговарала за промена на уставното име, партијата која што се залагала за членство во ЕУ и НАТО, нема став.

Дури има и разноликост во самата партија, на месец дена пред клучниот датум, тие промовираат демократија која е на граница на анархија, нешто што е исклучително несериозно во еден ваков момент во нашата република Македонија, рече во дебатата на тв 24, генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

– Ние многу јасно и прецизно го соопштивме нашиот став, рече Кирацовски, укажувајќи дека СДСМ ќе биде предводник на коалицијата за поддршка на референдумот.

Договорот од ден на ден ќе го запознаваат граѓаните на Република Македонија. Ова е единствениот договор што е сериозен влог во нашата иднина, порача Кирацовски на дебатата на тв 24, најавувајќи поддршка за референдумот.

Движењето за европска Македонија расте, референдумот ќе биде успешен, порача Кирацовски.

Спонзорирано: