17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Русија гради спектакуларен храм наменет за војската

Руското Министерство за одбрана ќе го гради главниот храм за армијата во паркот „Патриот“ во близина на Москва, најави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Оваа идеја веќе е одобрена од страна на јавноста, владините тела и воената администрација, а направен е и визуелен концепт на комплексот, пренесе новинската агенција „Тасс“.

Висината на воениот храм ќе биде 96 метри и ќе може да прими до 6.000 луѓе. Планирано е храмот да биде завршен до 2020 година, пишува руска „Газета“.

Имињата на авторите на проектот во моментов не се познати.

Заменик-министерот за одбрана, Андреј Картаполов, рече дека министерот Шојгу ја иницирал изградбата на црквата во чест на Вознесението Христово, во февруари, а подоцна за тоа добил благослов од патријархот московски и на цела Русија, Кирил.

Според Картаполов, храмот треба да биде симбол за вековното единство на војската, народот и црквата. Во храмот ќе бидат чествувани неколку светци, кои се сметаат за патрони на одделни родови на војската.

Министерството за одбрана отвори посебна страница посветена на црквата и објави кратко видео од три-димензионален модел на храмот темно зелена.

Спонзорирано: