14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Деца на Сибир се капат со студена вода за да бидат поздрави (Видео)

Снимка од Русија на која деца од Сибир практикуваат една рутина за зајакнување на имунитетот, на социјалните мрежи предизвика истовремено шок и воодушевување.

Имено, станува збор за деца од пет и шест години кои се уште одат во градинка, а нивната негувателка пред неколку години го вовела овој ритуал кој, како што вели таа, кај децата развива отпорност на вируси.

Децата секој ден прво вежбаат, па одат во сауна, а потоа во долен веш излегуваат надвор на снег и две и пол минути се полеваат со студена вода и играат на снегот. Потоа децата се враќаат во градинка.

По враќањето во зградата децата добиваат по шолја чај.

https://youtu.be/42DxjWiocQM

Спонзорирано: