7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Велес: 67 годишен дедо фатен до 4 полни вреќи марихуана

При претрес на домот и имотот на лицето Т.К.(67) во велешкото село Крајници полицијата вчера пронашла и одземала 130 стебла од растението – канабис сатива и 2,5 килограми марихуана.

Како што информираат од СВР Велес, при претресот се пронајдени четири вреќи полни со растението канабис сатива од кое се произведува опојната дрога – марихуана и педесеттина помали кеси со истото растение во исушена форма со тежина од околу 2,5 килограми.

Против 67 годишниот Т.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основен суд – Велес.

Спонзорирано: