19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Машки затвореници насилно влегле во женскиот дел од затворот

Жени кои издржувале затворска казна биле принудени да земат таблети за ургентна контрацепција, по бунтот кој избувнал во затвор во текот на минатиот месец и за време на кој машките затвореници успеале да влезат во женскиот дел од затворот.

Министерството за правда откри дека по бунтот што траел 12 часа, таблети што се користат за спречување бременост по секс без заштита им биле дадени на десетина жени во затворот во Перт, Австралија.

Таблетите на жените им биле дадени и покрај тоа што тие тврделе дека не биле сексуално нападнати за време на немирите во затворот Гриноух.

Пол Ледингхам, секретар на синдикатот на затворски чувари, одбил да каже каде точно имало сексуален напад за време на побуната.

„Ако имате ситуација каде бунтовното однесување трае од 10 до 12 часа, а во истото учествуваат мажи и жени, мислам оти фантазијата може да ве наведе на тоа дека некои работи едноставно се случиле“, изјавил тој.

За време на немирите, затвореничка повикала новинари преку телефон од една од канцелариите.

„Некои девојки беа многу исплашени затоа што мажите дивееја наоколу. Тие се качија на покривот, кршеа прозорци и слично“, изјавиле новинари кои биле на местото на настанот.

Спонзорирано: