10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев го исполни големото ветување: Зборот е збор!

Премиерот, Зоран Заев, најави дека наскоро ќе биде поставени бројчаникот на Порта Македонија кој треба да ги одбројува вратените пари одземени од државниот буџет.

-Бројчаникот ќе врти како што ќе се носат судските пресуди и како што институциите од областа на фининсиските страги ќе ги инкасираат вратените пари кои биле земени од буџетот, како надомест на штета. Тоа е ветување кое го дадов во опозиција барајќи ја поддршката од грѓаните. Ова ветување ќе биде исполнето овие денови, секако доколку се завршат правните формални апсекти. Во буџет на Владата нема такви пари, бројчаникот приватно го плаќам од мои пари. Тоа значи дека по завршување на функцијата ќе биде донирано на Министерството за култура и институцијата која е сопственик на портатакаде ќе остане трајно добро. Откако ќе се вратат сите украдени пари најверојатно ќе покажува температура, географска ширина и должина на Скопје и слично – изјави Заев.

Спонзорирано: