9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Капитулантскиот договор нѐ откажува од сѐ она за што се бореле нашите предци

Заев треба да знае дека најголемиот дел од граѓаните се за влез во НАТО и ЕУ, но жестоко се противат на капитулантскиот договор што го потпиша со нашиот јужен сосед, изјави на попладневната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Притоа тој истакна дека договорот потпишан со Грција значи бришење на македонскиот идентитет.

„Со капитулантскиот договор се менува името на Република Македонија, се менува уставот на Република Македонија, македонскиот јазик, македонската националност, македонската културата, македонската историјата и традиција. Република Македонија не само што се откажува од Македонците надвор од границите на државата, туку се откажува од сето она за коешто се бореле нашите предци и за сето она што ни е дадено да го чуваме во аманет“, рече генералниот секретар на опозициската партија.

Јанушев воедно нагласи дека да се поистовети несогласувањето со, како што рече, ваквиот штетен и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е невидено потценување на македонската народ.

Тој напомена и дека криминалот и расипништвото не се европски стандарди.

„Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој сите го видоа како бара мито од ‘едно евро за црквата и едно евро за Вице’. Не е европска вредност државата да биде водена од премиер кој е двапати аболициран за криминал“, рече Јанушев и додаде дека европските вредности ќе бидат достигнати само кога политичари како Заев ќе излезат надвор од политиката и нема да имаат шанса по третпат да бидат аболицирани.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните да гласаат против или да го бојкотираат референдумот, генералниот секретар истакна дека во периодот кој следува, во момент за кој партијата ќе процени дека е најсоодветен, во јавноста ќе го споделат својот став во врска со референдумот.

Спонзорирано: