10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без вода дел од корисниците во општина Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во текот на денот поради водоводен приклучок ф-300 мм, ќе има прекин на водоснабдувањето кај дел од корисниците во општина Карпош.

Без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 114, а прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од истата улица, од бр. 92 па сè до крајот, како и фабриката „Реплек“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ во соопштението додаваат дека прекинот на водоснабдувањето ќе биде во 9 часот и ќе трае сè до завршување на работата.

Спонзорирано: