11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако за 5 минути не дојде адвокат, ќе ги казнам со висока глоба, ѝ рече судијката на Јанкулоска

Судијката Добрила Кацарска на судењето во издвоената постапка за предметот „Тенк“
рече дека, иако се уредно повикани, и двајцата адвокати не се на рочиштето.

„Или да се јави еден адвокат или ќе ги казнам и двајцата со висока глоба и ќе ви назначам бранител по службена должност“, ѝ рече судијката на ексминистрката Гордана Јанкулоска.

Ова се случува бидејќи овие двајца адвокати, Боро Тасевски и Сања Алексиќ,
ги бранат и обвинетите во предметот „Насилство“, каде што тече испитувањето на сведокот од СЈО.

„Со мене не може да се однесувате така. Денеска има покането 6 сведоци“, дополни Кацарска. „Во ваш интерес е да дојде барем еден бранител“, додаде судијката.

Јанкулоска рече дека можеби против волја на адвокатот нејзиниот бранител Боро Тасевски ќе ѝ го откаже полномоштвото. Судијката ѝ кажа да им се јави веднаш и ако за 5 минути не дојдат, ќе ги казни парично со висока сума.

Со доцнење од 20 минути адвокатите дојдоа во судницата и судењето продолжи.

Спонзорирано: