1000 денари дневница, платено спиење и храна: Преспа бара берачи на јаболка

Платено спиење, храна и околу 1000 денари дневница.

Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.

И покрај тоа што силното невреме проследено со град уништи дел од родот, преспанчани имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката.

Сезоната за берење на јаболката започнува кон средината на септември, а трае се до крајот на октомври, пренесе Centar.mk.

Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.