14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео)Пукање во Џексонвил: Изгубил на турнир за видео игри, по што убил две лица и се самоубил

Две лица загинаа, а деветмина се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида. Полицијата информираше дека осомничениот за нападот е мртов. Станува збор за 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.

Според очевидци, напаѓачот откако изгубил на една од игрите отворил оган врз учесниците на турнирот, а потоа се самоубил. На местото на инцидентот е пронајден пиштол.

Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ бил пренесуван во живо преку интернет, а откако се слушнале истрели, преносот е прекинат.

Пукањето се случило за време на турнир во видео игри што се одржал во комплексот Џексонвил Лендинг. Станува збор за голем компмелкс за забава и шопинг сместен во центарот на градот.

На социјалните мрежи веќе беа објавени видео снимки на кои се слушаат рафали.

,,Турнирот е прекинат поради пукање. Заминувам и повеќе не се враќам. Имав среќа. Куршум ме погоди во палецот. Најлош ден во мојот живот”, напишал Дрини Џонг на Твитер.

До пукањето дошло во GLHF Game Bar, каде се одигрувал турнир во “Maden 19”. Еден од играчите на турнирот, Џонг Дрини, бил ранет во раката па изнесен на безбедно, соопштиле организаторите на турнирот.

Многу луѓе поради безбедност биле заклучени во ресторан, а шерифот препорачал ова подрачје да се избегнува.

Последниве години во оваа федерална држава се случија неколку вакви инциденти. меѓу кои и пукањето во ноќниот клуб во Орландо во 2016 година и во училиштето Маџори Стонман Даглас во Паркленд во февруари оваа година.

Спонзорирано: