14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Со традиционалната манифестација „Мостови“ и врачувањето на наградите завршија Струшките вечери на поезијата

Директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски, му ја врачи наградата на годинашниот лауреат Адам Загајевски, кој е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавoров венец.

Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на СВП ја додели наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата ја доделуваат заедно со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2018, е финскиот поет Паули Тапио, чија книга „Врапчињата и времето“ беше наградена со ова престижно признание.

Претседателот на жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“, Данило Коцевски му ја врачи престижната награда за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик меѓу две изданија на фестивалот на Зоран Анчевски за неговата книга „Небесна пантомима“.

Струшкиот Мост на поезијата поврзува култури, нации, цивилизации. На него повеќе од 5100 поети ја испишале приказната на нашиот фестивал. Синоќа на хартиени бротчиња, учесниците на СВП 2018 година, преку водите на вечниот Дрим испратија пораки кои ќе го обиколат светот.

По излетот со брод на Св.Наум и прогласувањето на најдобрата винска песна на Ида Борјел од Шведска, на полноќ на традиционалното неформално читање „Ноќ без интерпункција“ беше прогласена и најдобро прочитаната песна од македонски автор.

Денеска во 13 часот поетите ќе читаат на Матинето во Матка, а во 21 часот пред Камениот мост во Скопје ќе биде се одржи Меѓународниот поетски митинг. Годинава на Струшките вечери на поезијата учествуваа 30 поети од исто толку земји во светот, како и 50 поети од Македонија.

Спонзорирано: