21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

„МАНАСТИРСКО ПОЕТСКО ЕХО, 2018“ – ПО ПЕТТИ ПАТ

Традицијата продолжува, уште еден прекрасен поетски настан во дворот на манастирот „Св. Богородица“, над с. Суводол, во лето господово 2018 година, кој се одржа на 25. август, ден сабота, под покровителство на Општина Демир Хисар.

Шеесетина поети од Македонија и македонски поети од дијаспората пристигнаа и ги излејаа своите мелодични звуци од пред црквата кон: Суводол, Кутретино, Демир Хисар и пошироко. Се слушна нивната поетска реч. На единствен начин тие ја опејаа љубовта, верата, надежта, носталгијата, болката..го опејаа животот живеан и не живеан.
Палета од бои, букет од цветови, соsвездие од светови, изнесоа тука, поетите-верниците на овој голем христијански празник. Вербата е испреплетија со надеж и позитивни мисли.
Поетски бранувања се шират од јадрото на поезијата, од Демир Хисар. Железниот центар затреперува, разбранува со поетска енергија и ја разнесува низ овие прекрасни убавини, кога свежината се создава од убавото езеро и миротечение ја исполнува душата од големата Христијанска мајка, спроти светиот христијански ден, Голема Богородица.
Боженствена, природна, волшебна, смена на Сонцето со Месечината на sвезденото небо, лето 2018, во дворот на манастирот „Св. Богородица“, Суводол, го осведочи најголемиот поетски настан, во рамките на Демирхисарското културно лето и еден од најголемите во Македонија.
Поетските плодови на „Манастирското поетско ехо“, извирааат во трите објавени книги од сите автори, уредувани од претставниците на ЗЛКН „Свети Висарион“ и ЛК „Изгрев“. За уметничкото вообликување на книгите најголема заслуга имаат главниот и одговорен уредник д-р Менде Солунчевски и проф. Ванѓелко Лозановски, претседател на ЗНКЛ Св. Висарион.

Манифестацијата се одвиваше како музика, како сифонија, со поетски акорди под ведро небо, будното водство на мудрите, милозвучни водителки Биљана Солунчевска и Снежана Јосифовска.
Љубезни домаќини, восхит и возбуда. Разбранета публика, аплауз и импресии на сите страни.

Фотографија на Општина Демир Хисар.

Воведно обраќање имаше градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски кој ги поздрави сите поети ширум Македонија и дијаспората и им оддаде признание за нивниот придонес околу манифестацијата која од година во година остава длабоки спомени и белези.

Фотографија на Општина Демир Хисар.
„Го искажувам моето големо задоволство што ми се укажа несекојдневна прилика да Ве поздравам Вас аудиториумот, и да го изразам моето лично задоволство што по петти пат сме повторно заедно на ова свето место, на суводолското Тепе, во дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.
Во рамките на манифестацијата „Демир Хисар, град на културата за 2018“, организиравме бројни културно – уметнички и забавно – музички настани. Манифестацијата „Манастирско поетско ехо“ е дел од сето тоа, и да бидам искрен ја доживувам како посебна, бидејќи со бројното присуство, претставува кулминација на задоволства и пријатни чувства.
Вашите дела што се произлез од оваа, со тенденција да стане една од најголемите македонски поетски манифестации, и вашите дела што секојдневно ги создавате, се доживуваат како засебен цивилизациски и духовен простор.

 

Фотографија на Општина Демир Хисар.
Воедно, во оваа пригода упатам и јавна честитка на моите сограѓани Суводолчани и Кутретинчани, по повод претстојниот верски празник „Успение на Пресвета Богородица“, којшто е нивна колективна куќна слава и да им посакам, во нивните домови и во нивните семејства постојано да владеат љубовта, слогата, здравјето и бериќетот“, – истакна градоначалникот Стојановски пред многубројната публика.

Фотографија на Општина Демир Хисар.

Организаторите се заблагодарија на поддршката од Локалната самоуправа за придонесот и помошта за оваа манифестација да добие се поголеми и позначајни трајни и силни впечатоци.

Главниот и одговорен уредник д-р Менде Солунчевски и проф. Ванѓелко Лозановски, претседател на ЗНКЛ Св. Висарион, имаа завршен говор, кои, меѓудругото ја промовираа и книгата „Манастирско поетско ехо, 2017“.

Со доделување на признанија, благодарници и свечени награди, заврши петтата по ред, традиционална манифестација „Манастирско поетско ехо, 2018“.

И оваа поетска манифестација, со оваа книга останува вечна низ времињата.

Фотографија на Општина Демир Хисар.

Фотографија на Општина Демир Хисар.

Спонзорирано: