20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Времето “побудале”: Снег во Словенија, страшно невреме во Хрватска – Метеоролозите со изненадувачка вонредна прогноза за Македонија

Силен бран од северозападниот дел на континентот му донесе на алпското подрачје неочекуван скок од лето во зима. Во италијанското туристичко место за скијање Алта Бадиа паднаа 30 сантиметри свеж и влажен снег. Местото се наоѓа на надморска височина од 1324 до 2250 метри, пишува „Истрамет“.

Снег падна и на словенска Кредарица, според податоците, во 9 часот утрово била измерена температура од -3 степени, а биле измерени и 3 сантиметри снежна покривка. Во последните 12 часа паднале 63 милиметри снежни наноси, пренесе „Индекс“.

https://www.youtube.com/watch?v=SqbtWmziw2s
И во Хрватска има нагли промени во температурите. Во поголем дел од земјата има обилни врнежи од дожд. Во текот на ноќта Хрватска ја зафати силно невреме, а најлошо беше во Истра. Во раните утрински часови силно невреме го погоди јужниот дел на Јадранот. На подрачјето на Дубровник за помалку од два часа наврнале над 40 литри дожд, што доведе до поплави во градот.

Проблеми имаше и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул беа пренасочени на други аеродроми.

 

Силно невреме во Македонија

Позначителна промена на времето ќе има во текот на претстојната ноќ и утре кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер.

Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд (над 20л/м2).

Во вторник ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд.

Дневната температура во наредните два дена значително ќе се намали.

Спонзорирано: