3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повторно силно невреме го погоди регионот – има повредени

Силно невреме ја зафати Далмација.

Погодени се Чиово и Трогир каде се поплавиле улиците. Во цела Хрватска на сила се предупредувања за невреме. Додека за копнениот дел на земјата на сила е жолт аларм, на Јадран на сила е портокалов аларм. Таму има најави за силен ветер, пороен дожд и грмотевици. 17.000 удари на гром имало во Хрватска во еден ден.

Вчера, во текот на невремето кое ја зафати Хрватска, странски турист бил повреден од удар од гром во кампот Бела Увала кај Пореч, а Дубровник се најде под вода поради обилните врнежи.

Над Истра и Кварнер во текот на ноќта биле забележани 17 000 светкавици, а дождот паѓал со силен интензитет што довело до појава на порои, пренесе порталот „Индекс“.

Изутрината во Дубровник наврнале повеќе од 40 литри дожд, и тоа за помалку од два часа, што предизвикало и поплави и проблеми во сообраќајот.

Поради силната бура, три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул биле пренасочени од дубровничкиот на други аеродроми.

Спонзорирано: