5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицајци запреле автомобил кој „летал“ 240 км/ч, а кога виделе кој го вози занемеле

Сообраќајни полицајци во Белгија биле многу изненадени кога констатирале дека зад воланот на автомобилот „порше бокстер ГТС“, за кого во 2 часот наутро измериле дека се движел со брзина од 238 километри на час, седи 79-годишна жена.

Кога нивни колеги подоцна ја сопреле, таа рекла дека немала поим дека вози толку брзо, а излегла да се вози среде ноќ за да си ја разбистри главата.

Старицата завршила пред суд за прекршоци, каде добила казна од 4.000 евра за пречекорување на брзината и дозволата ѝ била одземена за период од три месеци. Сепак, тоа не ѝ паднало толку тешко колку да го убеди судот дека навистина таа била зад воланот.

Спонзорирано: