9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Значајна промена на времето – метеоролозите објавија нова прогноза ко

Утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневна температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места. Потоа температурата ќе е во пораст.