9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче ја злоупотребуваат вакцинацијата за референдумот

СДСМ крајно неморално го злоупотреби процесот на вакцинација во контекст на референдумот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

„Крајно неетички се упатуваат закани и уцени кон граѓаните дека само доколку го поддржеле референдумот за бришење на македонскиот идентитет ќе добиеле поквалитетни вакцини. Ваквите постапки на Филипче, Заев и СДСМ се срамни и ја уриваат довербата во здравствениот систем. Здравството е во клиничка смрт“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Венко Филипче обидувајќи се да го оправда капитулантскиот договор за промена на името, фрлил сомнеж дека вакцините не се по стандарди и се со послаб квалитет од тие во ЕУ и сега илјадници родители се изреволтирани и чекаат одговори, дали вакцините во Република Македонија се со послаб квалитет од вакцините во ЕУ, како што алудираше Филипче.

„Со СДСМ на власт понижени се и здравствените работници. Заев ветуваше 15% покачување на платите на лекарите во првите шест месеци откако ќе ја преземе власт, за сега 13 месеци потоа да најавува дека покачувањето ќе биде само 5%. Ова е понижување за целата фела. Заев го потценува нивниот труд и придонес кој го даваат во општеството. Неодговорноста на власта дополнително резултира и со голем број на човечки загуби. Секојдневно луѓе ги губат своите животи поради немарност на власта“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

ОД ВМРО-ДПМНЕ посочуваат наместо Филипче и СДСМ да понесат одговорност за починатото дете, тие се правдаат и бегаат, овој хаос мора да запре, додаваат од партијата.

Спонзорирано: