12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ги критикува социјалните медиуми за „замолчување милиони луѓе“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати критики до социјалните медиуми за замолчување на „милиони луѓе“ преку, како што го нарече, акт на цензура, јавува Ројтерс.

Трамп не спомна по име ниту една компанија, но вчера Фејсбук, Твитер и Гугл отстранија стотици профили поврзани со наводна операција на иранска пропаганда, додека Фејсбук симна кампања за која наведе дека е поврзана со Русија.

„Гигантите во социјалните медиуми замолчуваат милиони луѓе. Не може тоа да се стори дури и ако значи дека мора да продолжиме да слушаме лажни вести како Си-Ен-Ен, чии рејтинзи паднаа сериозно. Луѓето треба да препознаат што е вистинито, а што не е, без цензура“, рече Трамп.

Спонзорирано: