17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес од 7.4 степени го потресе Перу

Земјотрес од 7,4 степени според Рихтер се случи денеска околу 250 километри од Порто Малдонадо во Перу, на длабочина од 610 километри, соопшти американскиот геолошки институт.

Засега нема извештаи за штета, а корисниците на социјалните мрежи велат дека земјотресот се почувствувал низ целата земја, сè до Арика во северниот дел на Чиле.

Два моќни удааи го стресоа перуанскиот град Пусалпа, северозападно од епицентарот, напишаа тамошните жители на „Твитер”.

Пацифичкиот центар за цунамија не објави предупредување, а чилеанската пожарникарска служба соопшти дека земјотресот немал потенцијал да создаде опасни бранови по должина на брегот на Чиле.

Спонзорирано: