15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Прва жртва на падот на лирата: Пропадна голема инвестиција на Балканот

Поради флуктуацијата на јужноафриканскиот ранд и турската лира, планираното купување на словенечката Фабрика за батерии (ТАБ) од Межица не е реализирано.

Директорот на ТАБ, Богомир Ауприх, потврди за љубљански „Дневник” дека разговорите со „Метаир инвестментс лимитед” од Јужна Африка беа прекинати.

„Високата нестабилност и падот на вредноста на турската лира и јужноафриканскиот ранд, најважните валути за ‘Метаир’, како и зголемените трошоци за финансирање на двата пазари, се објективни околности што го отежнуваат остварувањето на стратешките врски. Поради сегашната финансиска нестабилност во Јужна Африка, ‘Метаир’ сака да се фокусира на деловното оптимизирање“, наведоа во објаснувањето.

Корушката компанија, чии приходи во последните две децении се зголемија околу десет пати, има намера да продолжи со потрагата по стратешки партнер.

Спонзорирано: