15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Подгответе се за голема промена на времето: И официјално со летото е “завршено”

Времето во земјата ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура од 10 до 19, а максималната од 29 до 36 степени. УВ ќе биде 8.

И во Скопје и околината слично време, сончево со слаб југоисточен ветер. Температура од 16 до 34 степени.

В сабота во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Позначителна промена на времето се очекува в недела попладне и в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. В понеделник и во вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Спонзорирано: