21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пешаци внимавајте – полицијата во Скопје најмногу казнува за ова

Полицијата вчера казнила осум пешаци во Скопје и тоа четири од нив затоа што преминале улица надвор од пешачки премин и четворица кои поминале улица на црвено светло.

Во текот на изминатиoт ден, казнети се и 27 возачи бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 29 возачи бидејќи 19 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и осум го управувале возилото под дејство на алкохол. 11 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 10 биле нерегистрирани и едно технички неисправно.

Санкционирани се и три возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четири неправилно се престроиле, четири неправилно престигнувале и седуммина не користеле заштитен шлем.

МВР информира дека во текот на изминатиот ден издадени се 53 мандатни платни налози, додека 49 возила се подигнати со „пајак“.

Спонзорирано: