6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Од септември за сите уреди ќе биде достапен редизајниран „Гугл хром“

Корисниците на десктоп и андроид-уреди од првата недела на септември ќе бидат сведоци на промени во дизајнот на познатиот пребарувач, кои, сепак, поочигледни ќе бидат кај десктоп-верзијата.

Новата верзија ќе донесе повеќе промени, па јазичињата (табови) ќе добијат заоблени рабови, а неактивните јазичиња ќе имаат помалку дефиниран надворешен изглед, со цел на корисниците да им биде полесно да увидат кој таб им е отворен во моментот.

Покрај тоа, класичниот правоаголен облик на адресната лента се заменува со заоблен дизајн.

Паѓачкото мени за предлози во полето за адреси исто така ќе подлежи на промени. Имено, веќе нема да ја зафаќа целосната ширина на прозорецот на пребарувачот. Тоа ќе биде значително скратено, рабовите ќе бидат заоблени и ќе изгледа како нов прозорец во рамки на екранот.

Уште една интересна визуелна промена е во врска со копчето „додади ново јазиче“, поконкретно неговиот недостаток. Црпејќи инспирација од конкуренцијата, „Гугл“ ќе го замени копчето со „+“ симбол, слично како кај „Мозила фајрфокс“.

Планирано е новиот „хром 69“ да биде објавен на 4 септември, кога корисниците ќе почнат да ги забележуваат промените во дизајнот.

Спонзорирано: