11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел посакува Германец на чело на Европската комисија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја изрази својата желба в година Германец да стане претседател на Европската комисија, па дури и да се откаже од амбициите во однос на Европската централна банка (ЕЦБ).

Според весникот „Ханделсблат“, кој повикува на неименуван извор од германската влада, приоритет на Меркел не е ЕЦБ, туку ЕК.

Канцеларката смета дека претседателствувањето со Европската централна банка пред сè е прашање на престиж, а претседателствувањето со Комисијата е политички важно.

Весникот наведува дека во 2019 година треба да се обноват неколку клучни позиции на европските институции, меѓу кои и местото на претседателот на Комисијата, на кое моментно е Жан-Клод Јункер од Луксембург.

Трката за наследникот на Јункер се одвива веќе неколку месеци, како негов наследник често се спомнува Французинот Мишел Барние, кој во моментов е главниот преговарач за брегзит во име на ЕУ.

Како потенцијален германски кандидат, според „Ханделсблат“, во Берлин се спомнува сегашниот министер за земјоделство, Петар Алтмаер, и министерката за одбрана, Урсула фон дер Лајен, а се спомнува и Манфред Вбер, претседател на парламентарната група на Европската народна партија.

Спонзорирано: